Младиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“, Јасмин Алиевски се сврши со неговата девојка.
„Вчерашниот ден во мене пробуди емоции за кои што не знаев ни дека постојат. Благодарам злато за овој прекрасен момент, секој ден да ни биде се посреќен. Официјално таа кажа да“, рече Алиевски и го покажа свршеничкиот прстен.
За потсетување, Јасмин беше еден од неколкуте македонски кандидати во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Тој сними неколку песни меѓу кои „Далеку од тебе“, „Сакам да заборавам се“, „Давам се“ и други.