Пејачката Северина излезе на насловната страна на книгата „Во име на мафијата“ од Макс Бункер, творецот на познатиот стрип „Алан Форд“. Точно на нејзиниот 49. роденден.
На Инстаграм откри дека два посебни подароци ја воодушевиле. Еден од нив е цртежот од нејзиниот син, а вториот е што се нашла на книгата на славниот Бункер. Притоа откри дека ја побарале од издавачката куќа Сандорф бидејќи тие и Макс Бункер би сакале таа да се најде на насловната страна од неговиот роман, укажувајќи дека тоа е крими роман, а од неа побарале и да одбере манекени за детектив и криминалец.
Пејачката се нашла во вистинско чудо и не можела да поверува според зборовите кои таа ги напиша под својата објава на Инстаграм.
Како што и самата вели, нејзината екипа, со кој го снима новиот албум, ја снимала неколку денови.
„Детективот со шеширот е мојот тонски снимател Домагој Перишиќ, а криминалецот кој седи е композиторот и продуцент Филип Милетиќ. А како само тие двајца се возбудени… А јас сум во жолт фустан на насловната страница на книгата на Макс Бункер и пукам од детска среќа. Ти благодарам мајко што ме роди. Ѝ благодарам на издавачката куќа Сандорф. Ти благодарам Макс Бункер, благодарам број 1, Ви благодарам што ми го разубавивте детството, ова е за мене голема радост и чест. Затоа што вашето име со златни букви е врежано во дневникот од моето детство“, истакна Северина.