Стралетата и модел, Александра Накова, во ресторан во Гевгелија направи забава за 6. роденден на нејзината ќерка Леа. Неколку пријатели и торта во вид на еднорог за децата што дојдоа да го прослават роденденот.
„Секогаш ќе бидеш моето мало убаво девојче. Се надевам секогаш ќе знаеш колку те сакам! Среќен роденден мое бебе“, напиша Александра и објави неколку фотки и видеа од прославата на социјалните мрежи.
Накова ја има ќерката Леа од бракот со поранешниот кошаркар Никола Гајдаџиев. Двојката се разведе по неполна година брак. Оттогаш Александра повторно живее во Гевгелија заедно со семејството, а неодамна таму отвори бутик за облека.