На времето додека сите заедно играа во италијанскиот фудбалски клуб Интер, Синиша Михајловиќ и Дејан Станковиќ решиле да ги прошетаат низ Белград, нивните соиграчи во тимот Фавали, Адријано и Виери и да им ги покажат домашните специјалитети.
Фудбалерите ја искористиле паузата во првенството во Италија да прошетаат низ Белград и да се забавуваат во ноќни клубови и сплавови каде им пеела Цеца.
Потоа Михајловиќ и Станковиќ ги однеле своите колеги од тимот на вечера. Но, наместо во луксузен ресторан, тие ги однеле во обичен кисок со брза храна. Петте светски фудбалски ѕвезди стоеле во редот и чекале да нарачаат плескавици со кромид.
Случајните минувачи велат дека биле зачудени како светските фудбалски ѕвезди, чекале ред за да нарачаат сендвичи. Некои од папараците успеале да ги снимат додека чекале во редот.
Подоцна продавачите изјавиле дека на Бразилецот Адријано и Италијаните Виери и Фавали им се допаднале плескавиците. Фудбалерите играа заедно во Интер во периодот од 1998 до 2006 година. Сите останаа големи пријатели и по завршувањето на нивните кариери.