Тамара Тодевска деновиве е во Охрид. Пејачката избега од горештините во Скопје, а во Охрид продолжи со вежбите и третманите за слабеење со кои ја одржува формата. Прво трчаше на лента, па креваше тегови, а по напорниот тренинг се пофали на „Инстаграм“ со ефектите.
Покрај вежбањето Тамара внимава и на правилната исхрана, а третманите за слабеење како кавитација, липолиза, микро компјутер, целулитни масажи само се дел од третманите кои и помогнале да остане во топ форма.