Глумецот Том Круз на премиерата на новиот филм „Топ Ган“ дојде со хеликоптер. Тој сам го управуваше и слета како вистинска акциска ѕвезда од неговите филмови, пренесоа неговите пријатели. Хеликоптерот го носеше неговото и името на филмот: Том Круз, Топ ган: Маверик.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
Круз носеше црно одело и авијатичарски очила. На црвениот тепих позираше со колегите Џенифер Конели и Мајлс Телер.
Многумина коментираа дека неговото лице било затегнато и дека успеал да го задржи младешкиот лик. „Се нема променето од првиот „Топ Ган“ од 1986 година“, коментираа фановите.