(Фото) Трудна Емили Ратајковски се соблече гола: Јас сум божица со сочен задник

(Фото) Трудна Емили Ратајковски се соблече гола: Јас сум божица со сочен задник

пред 4 години

Славната манекенка и актерка Емили Ратајковски објави нови фотографии на кои е потполно гола, истакнувајќи го трудничкиот стомак.

29 годишната Ратајковски наскоро треба да се породи и за првпат ќе стане мајка, а бременоста не ја спречи да објавува разголени фотографии.

„Понекогаш се чувствувам како Вини Пу во човечки облик, а понекогаш како божица на плодноста со сочен задник. Денеска се одлучив да се чувствувам како ова другото“, напиша Емили под фотографиите, за кои доби повеќе од два милиони лајкови.

Емили бременоста ја откри прв пат во магазинот „Вог“ со фотосесија и колумна во која го кажа својот став за мајчинството.

Терминот за породување на Емили е средината на март, но таа засега не го открива полот на бебето.

Мегапопуларната манекенка и на почетокот на бременоста исто објави неколку свои фотки на кои повторно беше гола.

  

   

 

Share
Scroll to Top