(Фото) Турските ѕвезди Бергузар Корел и Халит Ергенч чекаат третото дете

(Фото) Турските ѕвезди Бергузар Корел и Халит Ергенч чекаат третото дете

пред 4 години

Познатите турски ѕвезди, Бергузар Корел и Халит Ергенч, го  очекуваат своето трето дете.

Турската актерка вестта за бременоста ја сподели со своите фанови на својот „Инстаграм“ профил. Добрата вест и пристигнала среде снимање на нов проект, кој и е прв по паузата од три години.

„Откако не бев на малите екрани три години, за време на повеќемесечна подготовка за улогата во серијата ’Проклетиот Кнали’, дознав дека сум бремена. Иако бременоста не ме спречи да продолжам со проектот, сепак моравме да го одложиме снимањето поради физички промени кои не беа соодветни за мојот карактер. Не ми е лесно да се збогувам со серијалот што го направив со одлични луѓе. Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги од кои научив многу и со кои поминав низ прекрасниот процес на креирање на овој проект“, напиша актерката.

 

„Моја желба е нашите патишта еден ден повторно да се вкрстат“, додаде таа и се заблагодари за добиените честитки.

„Од моментот кога објавив дека сум бремена, не можев да одговорам на сите пораки. Ме направивте многу среќна, ви благодарам многу. Господ нека ви даде многу здравје и среќа. Ви благодаран за постоењето“, напиша Бергузар.

Бергузар и Халит се во брак од 2009 година, од кој ги добија двата сина, првиот син Али  во 2010 година, и вториот син Хан лани во март.

Share
Scroll to Top