Парк-шумата „Могила“ доби уреден и освежен изглед, информираа од ЈКП „Комуналец“, од каде што објавија фотографии од зелените површини, пешачките патеки, клупите и фонтаните.
Според информациите на претпријатието, просторот опфаќа 26.000 квадратни метри новооформен парковски дел со спортски терени, како и дополнителни 16.000 квадратни метри шума.
Од „Комуналец“ упатија благодарност до совесните граѓани што се грижат просторот да остане чист и уреден.
„Чисто е убаво! Уживајте!“, порачаа од јавното претпријатие.

Парк-шумата „Могила“ претставува значаен простор за рекреација, спорт и одмор, а зачувувањето на нејзината чистота зависи и од одговорното однесување на сите посетители.











