(Фото) Џеј Ло го врати омразениот тренд и ги покажа своите прекрасни облини

(Фото) Џеј Ло го врати омразениот тренд и ги покажа своите прекрасни облини

пред 1 ден

Џеј Ло го прифати трендот „без панталони“. Но, се чини дека малку го прилагоди на својот стил и вкус…

Пејачката Џенифер Лопез веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста. Таа ја заврши својата голема музичка турнеја „Up All Nigh“, но за нејзините вокални способности и смели сценски костими сè уште се зборува.

Џеј Ло танцуваше во танга на сцената. Потоа започна лавина од коментари на мрежите, а многумина пишуваа дека таквата комбинација на облека е несоодветна за очите на јавноста.

Сепак, таквиот став на луѓето не ја „победи“, па таа продолжи со своите атрактивни објави – но на социјалните мрежи…

На Инстаграм објави селфи во црно боди и проѕирни чорапи со цветни мотиви, со што го оживеа добро познатиот тренд „без панталони“ (тренд што подразбира комбинација на облека без долниот дел од облеката).

Стајлингот го комплетираше со златни додатоци и црна беретка.

Share
Scroll to Top