На натпреварот за избор на најдобра фотографија на див свет за 2022 година одбрана е фотографијата на која е фатен момент кога машки пчели обвиткуваат женка.
Фотографијата е дело на Карин Ајгнер, кој вели дека му биле потребни неколку недели за да го фати моментот. Инаку направена е на ранч во јужен Тексас.
Претседателката на жирито Роз Кидман Кокс изјавила дека фотографијата е извонредна и дека во неа има енергија.
Натпреварот е еден од најпрестижните за овој тип на фотографија, кој е во организација на Природнонаучниот музеј во Лондон.
Фотографот Карин Ајгнер е победник во конкуренција од 38.575 пријавени фотографии од 93 земји.
Фото: Karine Aigner