Фотографијата на Меси со над 40 милиони лајкови е рангирана на третото место во историјата на Инстаграм

Фотографијата на Меси со над 40 милиони лајкови е рангирана на третото место во историјата на Инстаграм

пред 2 години





Фотографијата со шампионскиот пехар во рацете на аргентинскиот фудбалер Лионел Меси објавена на неговиот Инстаграм профил за помалку од 24 часа има над 40 милиони лајкови и во моментов е рангирана на третото место во историјата на Инстаграм.

Меси на 36 години го освои единствениот трофеј што му недостигаше и со тоа стана најдобар фудбалер на сите времиња.

„Ние сме светски шампиони! Толку пати го сонував, толку многу го посакував, не ми се верува… Благодарност до моето семејство, до сите што ме поддржаа и на сите што веруваа во нас. Уште еднаш ние демонстриравме дека сме Аргентинци, кога се бориме заедно и обединети, способни да го постигнеме она што го зацртавме, сонот на сите Аргентинци… Успеавме!“, напиша Меси.





Share
Scroll to Top