Хали Бери: Морав да го сменам фустанот поради строгите правила на Кан

Хали Бери: Морав да го сменам фустанот поради строгите правила на Кан

пред 5 часа

Организторите на Канскиот филмски фестивал годинава воведоа строги кодекси на облекување до кои славните мора да се придржуваат.

Забрането е носење фустани со голем волумен, фустан што се влече по земја зад грбот, како и  разголени фустани за да се обезбеди поголема пристојност.

Кинеската актерка Ван Ќенхуи ги прекрши правилата со излегувањето на црвениот тепих, но актерката Хали Бери не препушти ништо на случајноста и откри дека поради новите правила во последен момент се одлучила за поинаков фустан.

„Имав одличен фустан за вечерва, но не можев да го облечам бидејќи задниот шлеп е преголем. Морав да го сменам. Но делот за голотија е веројатно добро правило”, рече таа на прес-конференцијата.

58-годишната Бери оваа година е член на жирито на фестивалот, а за разлика од неодамнешното предизвикувачко издание со кое го привлече вниманието, таа во Кан се појави во долг фустан со црно-бели риги, а со тоа ги избегна строгите казни кои ги најавија организаторите.

„Целта не е нужно да се регулира облеката, туку да се забрани целосната голотија на црвениот тепих, во согласност со институционалната рамка на настанот и француските закони“, велат организаторите.

„Фестивалот го задржува правото да го оневозможи пристапот на лица чија облека може да го попречи движењето на другите гости или да го отежне распоредот на седење во салите за прикажување“, додаваат тие.

Текстот Хали Бери: Морав да го сменам фустанот поради строгите правила на Кан е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top