Хард рок легендите „Дивље Јагоде“ се враќаат со нов албум

Хард рок легендите „Дивље Јагоде“ се враќаат со нов албум

пред 3 месеци

Пионерите на хард рок звукот во Балканот, „Дивље Јагоде“ го објавија својот тринаесетти студиски албум под името „Прати моје трагове“.

Албумот содржи десет нови песни потпишани од основачот на бендот и гитарист Зеле Липовача.

Ова е првиот студиски албум на бендот по „Jukeboxa”“ од 2020 година, соопштија од бендот.

Албумот е украсен со незаборавни гитарски рифови, пеење и химни рефрени. Меѓу песните има и нова верзија на песната „Дали некогаш ме сакаше“, која носи нов сјај на стариот хит објавен во 1994 година на албумот „Лабуде када рата не буде“.

Заедно со новиот студиски албум беше претставен и новиот сингл „Давно Љето ’89“, песната која го отвора албумот и буди носталгија за некои стари времиња, за што придонесува и вокалот на Тони Јанковиќ, но и силниот пристап и енергија на Берак, што на овој албум му дава посебен печат.

За песната е снимен и видео запис во режија и монтажа на полковник Дабров.

Share
Scroll to Top