Хелена Роза во фустан од висока мода отвори ревија во Нов Зеланд

Хелена Роза во фустан од висока мода отвори ревија во Нов Зеланд

пред 2 години

Поранешната водителка Хелена Роза, која неколку години живее во Нов Зеланд со семејството, на социјалните мрежи се пофали дека носела фустан на една од најпознатите модни дизјанерки на високата мода Сесилија Канг во Нов Зеланд.

dobivaj vesti na viber

Ревијата била од затворен каратктер, а Роза била модел при што носела фустан со тантела и волуменозни ракави кој бил рачно изработен.

„Вчера имав чест да носам фустан на една од нај познатите Ново Зеландски дизајнери на висока мода, Сесилија Канг. Таа е дизајнер кој има соработувано со Италијанскиот и Британскиот Вог и има дизајнирано и облакано многу светски звезди. Чуството да се носи ваков рачно изработен фустан е непроценливо. Се чувствувам многу горда што ми беше укажана оваа чест“, напиша Хелена.

За потсетување, Хелена се пресели на Нов Зеланд во 2015 година. Две години подоцна во интервју за „Репортер“ раскажа дека на почетокот со сопругот Игор работеле сè за да заработат, а таа едно време го чистела салонот на Ауди. Потоа се вработи во продавница за очила, каде што стана менаџер.

„Секојдневно бришев прав од 120 бироа. Но, немав проблем со тоа. Не ми беше важно дали ќе перам или ќе чистам зашто тоа ми се исплатеше“, раскажа тогаш Хелена во интервјуто и откри дека е пресреќна со животот на Нов Зеланд иако ѝ недостигаат мајка ѝ Роза и сестрата Ребека со внуците.

Таа на почетокот на оваа година  се пофали и дека си купила кола од марката Тесла.

Share
Scroll to Top