Без разлика на модната сезона и годишното време, Северина секогаш ги воодушевува обожавателите со своите комбинации. Со следбениците на Инстаграм таа сподели фотографии од одлично издание составено од интересни парчиња.
Да облечеше јакна, немаше да го видиме нејзиниот прекрасен пуловер AMI Paris. Преголемиот модел во црна боја со бели риги е целосно изработен од волна и е дел од линијата наречена Ami de Coeur.
Сите парчиња на брендот од гореспоменатата линија се украсени со препознатлив црвен мотив кој ги комбинира буквата А и срце. Северина со џемперот носеше црно кожено мини здолниште.