Хороскоп за 1 јуни: Девицата е напната, Водолијата глуми дека е задоволна

Хороскоп за 1 јуни: Девицата е напната, Водолијата глуми дека е задоволна

пред 2 години

Овен
Во фаза сте на планирање нови професионални потези. Сите постапки се базираат врз нови работни искуства, затоа немојте со глава низ ѕид. Сонувате за заеднички патувања со саканата личност. Не плашете се да ѝ погледнете на вистината во очи.

Бик
Ви поаѓа од рака да функционирате на повеќе колосеци. Покрај работата, која одлично ја извршувате, имате време и за љубов. Со партнерот ве очекуваат пријатни моменти, многу внимание и нежност. Потрудете се да се дружите колку што можете повеќе.

Близнаци
Ќе добиете вести што многу ќе ве изненадат. Долго време ви беше потребно за да донесете одлука, но морате да бидете внимателни. Морате да се жртвувате и да промените некои работи во приватниот живот. На почетокот не е едноставно, но се исплати.

Рак
На моменти ќе го посакувате невозможното, па ќе се нервирате кога ќе сфатите дека до тоа нема да дојде. Бидејќи сите мисли се насочени кон меѓучовечките односи, сознанието дека нешто не е во ред ве прави нервозни. Бидете трпеливи.

Лав
Живеете онака како што сакате и го добивате она што сте го заслужиле. Голем дел од вас се насочени кон работата и партнерот. Двете работи ве прават нервозни, бидејќи многу очекувате, а за возврат, добивате малку. Ако сакате да бидете задоволни, намалете ги критериумите.

Девица
Една од причините за емотивна напнатост е моменталната пречувствителност. Вина треба да барате во себе и да се потрудите да се повлечете извесен период. Ви се укажуваат нови професионални можности.

Терезија
Успех очекувате од сите работи што ви се битни. Одлично се чувствувате, а една од причините за тоа е вниманието од партнерот. Осаменоста не ви годи, желбата за дружење со старите пријатели е одлична идеја. Разговарајте за нова работа.

Скорпија
Нервозата е евидентна, но и силата за да ја пребродите. Се’ што ви се случува, и добро и зло, го делите со околината. Ве очекува средба за која не сонувавте. Доколку не сте заљубени, можеби тоа ќе се случи наскоро, но не очекувајте премногу.

Стрелец
Се’ постигнувате исклучиво со сопствена сила. Околината не само што ви одмага, туку и ве оптоварува. Не жалете се, завршете ги сите обврски и испланирајте патување. Можете одлично да си поминете, мала промена никому не му е на одмет.

Јарец
Потрудете се да и’ се наметнете на околината и отворено да и’ кажете што сакате. Вашето однесување е нешто ново и за партнерот, затоа внимавајте да не бидете грешно сфатени. Сакате некои работи и некои луѓе да ги ставите на прво место.

Водолија
Тема на денот се работата и здравјето. Не дозволувајте некои ситници да ве оптоваруваат и да ви ги расипат слободните моменти. Луѓето очекуваат да ве видат ведри и насмеани. Ќе успеете да одглумите дека сте задоволни, но блиските ќе забележат дека нешто не е во ред со вас.

Риби
Размислувате за љубов, бидејќи имате желба да го зацврстите односот со партнерот. Доцна се сетивте, пропуштените шанси тешко можат да се надоместат. Доколку сте во емотивна врска со Девица, нема се’ да тече лесно. Ве очекуваат изненадувања.

Share
Scroll to Top