Хороскоп за 12 февруари: близнаците имаат проблем со комуникацијата, лавот е мрзелив

Хороскоп за 15 февруари: близнаците да се прилагодат на промените на работа, конфликти за лавот

пред 2 години

Овен

Денес ќе воспоставите многу важна деловна комуникација. Доколку ви е важно да го израдувате семејството или саканото лице, променете ги вашите навики. Немојте да ја иритирате околината со постапките.

Бик

Делувате амбициозно и непрекинато смислувате нови деловни решенија. Колегите и надредените го ценат тоа. Во љубовта се однесувате наметливо, тоа му пречи на партнерот.

Близнаци

Деловните правила брзо се менуваат. Обидете да се прилагодите на тоа. За да ги остварите вашите намери во љубовта најпрвин потребна ви е искреност. Размислете дали сте подготвени за чекор нанапред.

Рак

Инсистирате на некои рокови и со тоа правите непотребна тензија меѓу соработниците. Потребен ви е одмор. Доколку сакате да направите промена, сега е вистински момент.

Лав

Малите конфликти на почетокот на работниот ден ќе ве направат нервозни и неподготвени за компромис. Нека не ве обесхрабруваат лошите коментари, тие што ги кажуваат не знаат колку всушност вредите.

Девица

Нема потреба премногу да се експонирате на работа. Тоа нема да ги зголеми вашите заслуги. Во љубовта имате чувство дека сте погрешиле? Обидете се да му приредите нешто забавно на партнерот.

Вага

Спротивставете им се на лицата од авторитет тогаш кога мислите дека е потребно да го направите тоа. Изливите на љубомора и посесивност многу ќе ви одмогнат. Можни се кавги со партнерот.

Шкорпија

Снаодливи сте, а тоа ви донесува сјајни резултати. Партнерот не исполнил нешто што одамна ви го ветил и вие ќе бидете лути за тоа. Избегнувајте бурни реакции во големо друштво.

Стрелец

Можно е да слушнете чудна информација. Немојте да избрзувајте најпрвин проверете ја пред да се посрамотите. Парнерот има големи планоци, но вас не ве вклучил во нив.

Јарец

Продолжете да се трудите и успехот сигурно нема да изостане. Партнерот во вас пронашол свое сигурно пристаниште. Потрудете се да не го изневерите.

Водолија

Време е да се ослободите од заостанатите финансиски обврски. Се додека не го направите тоа, нема да можете да тргнете понатаму. Во љубовта конечно ќе ги запознаете сите вредности на саканото лице.

riba1
Риби (20.02 – 20.03)

Во деловната околина ќе бидете пофалени за постигнатите резултати. Вашата врска денес едноставно блеска, а тоа се должи на вашето прекрасно расположение. Поминете го овој ден со партнерот и радувајте се на прекрасните моменти.

Share
Scroll to Top