Здравата исхрана води кон подобро здравје, но експертите предупредуваат дека луѓето кои мислат дека се хранат „здраво“ често грешат при составувањето на своето дневно мени. Најчестите грешки се поврзани со храната која ја сметаме за нискокалорична и диетална, а не е.
1. Суво грозје
Иако сувото грозје е здраво и одлично за стимулирање на варењето, воопшто не е нискокалорично. Една ќесичката содржи и до 130 калории, па експертите сметаат дека е попаметно да се изеде полна чинија свежо грозје.
2. Колачиња од ориз
Иако важат за здрава храна, изгледаат „диетално“ и немаат речиси никаков вкус, често содржат ист број калории како и обичните крекери или бисквити. Попаметно е да јадете нешто што навистина ќе ве нахрани и ќе ви даде енергија за исто толку калории.
3. Темно чоколадо
Темното чоколадо е одлична замена за различни десерти полни со шеќер и масти, сепак во 100 грама може да има и до 600 калории. Затоа, не претерувајте со темното чоколадо само затоа што е поздраво од обичното, туку земете неколку коцки.
4. Маслиново масло
Две лажички маслиново масло ќе го збогатат вашиот оброк за дури 238 калории, што повеќето луѓе не го забележуваат, бидејќи го сметаат за „здрава храна“. Треба да се внимава со сите масти, вклучувајќи го и маслиновото масло.
5. „Здрав“ микс
Многу домаќинки сакаат да служат „здрав микс за забави“ кој се состои од бадеми, ореви и суво овошје, но често го игнорираат фактот дека една таква шолја може да содржи и до 700 калории.
6. Лосос
Лососот е исклучително здрав и многу добар за нашето здравје, но има повеќе калории отколку што мислат повеќето луѓе. Едно филе има во просек 734 калории, а кога ќе додадеме масло и зачини може да достигне 1000 калории без никакви додатоци како компир, ориз или салата.
7. Трошки од леб
Само затоа што лебот е во трошки не значи дека е без калории. Ако одлучите да додадете и геврек во вашиот оброк, додавате уште 100 до 150 калории во вашиот оброк.