Хрватската порно глумица Марија Задравец е првата Хрватка која оди на светско првенство во секс кое ќе се одржи на 8 јуни. Натпреварот ќе се одржи во Гетеборг – Шведска, а организатор е Шведскиот сексуален сојуз.
Натпреварувањето ќе се одвива по принципот на своевидно реално шоу и ќе трае 10 месеци, во кое ќе бидат 10 мажи и жени. „Ќе бидеме сместени во куќи во кои ќе не снимаат 24/7, нешто како во ‘Големиот брат“ – вели хрватската претставничка и додава:„Категориите се следниве: заведување, масажа, предигра, орален секс, пенетрација. Секојдневно ќе се натпреваруваме во една категорија по 45 минути во денот. Најдобрите ќе добијат медали, а победникот оди на светското првенство.