Италијанската актерка и модел Моника Белучи неодамна позираше за насловната страница на кинеското издание на магазинот „Esquire“.
Таа објави фотографии од сетот на Инстаграм, а декемвриското издание на гореспоменатиот магазин ја прикажува актерката во гламурозно издание – во различни пози и тоалети.
Како што можете да видите, Моника го снимила едиторијалот во црн макси капут, каде ги истакнала своите совршено извајани нозе, а оваа поза многумина ги потсетила на нејзината улога во познатиот филм „Малена“.
Бројните следбеници на Инстаграм на италијанската дива не останаа рамнодушни на овие фотографии, а своето мислење го кажаа во коментарите.
„Безвременски стил на безвременска дама“, „Го сакам нејзиниот стил“, „Каква класа“, „Таа е неверојатна“…