Црно-белата фотографија од Кејт Мидлтон и принцот Вилијам растажи многумина

Црно-белата фотографија од Кејт Мидлтон и принцот Вилијам растажи многумина

пред 4 часа

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го обележаа Денот на вљубените со заедничка фотографија на Инстаграм. Авторот е Џош Шајнер, фотограф кој исто така ја направи нивната божиќна честитка за 2025 година.

„Среќен Ден на вљубените“, накратко гласи описот на оваа објава на Инстаграм.

Фотографијата предизвика лавина од коментари, а имаше и такви кои пролеаја солзи радосници затоа што „Кејт е повторно истата стара личност“.

„Среќен Ден на вљубените на најубавиот кралски пар“, „Овие двајца, нивната љубов и нивното семејство, се навистина најубави. Бог да ве благослови“, „Многу ни е мило што ве гледаме повторно, Кејт“, се само дел од коментарите…

И, навистина, кралскиот пар, по сите проблеми, конечно изгледа среќно и мирно, особено Кејт Мидлтон, која го преживеа ракот.

Кејт јавно објави во март 2024 година дека ѝ е дијагностициран рак и дека започнува превентивна хемотерапија. Во септември истата година, таа објави дека го завршила третманот и дека нема знаци на болест.

Share
Scroll to Top