Шведската претставничка доживеа хаос среде настап на Евровизија: Ѝ падна маската, а реакцијата ја воодушеви Европа

Шведската претставничка доживеа хаос среде настап на Евровизија: Ѝ падна маската, а реакцијата ја воодушеви Европа

пред 43 минути

Шведска повторно привлече огромно внимание на Евровизија 2026, но овојпат не само поради песната, туку и поради неочекуваната незгода што се случи за време на настапот во првата полуфинална вечер во Виена. Шведската претставничка Фелиција доживеа проблем со костимот среде настап, но и покрај тоа успеа професионално да ја изведе песната до крај и да обезбеди пласман во големото финале.

Фелиција на сцената се појави со енергичната песна „Мај систем“, носејќи впечатлива црна светкава маска која ѝ го покриваше долниот дел од лицето. Но, работите брзо тргнаа во непредвиден правец. Според британските медиуми, најпрво од нејзините очила отпаднал циркон, што накратко ја збунило пејачката.

„Не видов дека падна. Првата помисла ми беше: Ослепев“, изјавила Фелиција по настапот.

Проблемите не завршиле тука. Во моментот кога светлата во арената се затемниле и повторно се вклучиле, пејачката продолжила со настапот со големи очила, но без препознатливата маска која исчезнала од сценскиот стајлинг. Иако ситуацијата не била планирана, Фелиција продолжила да пее како ништо да не се случило.

Водителите на британскиот пренос на Би-Би-Си, Ангела Скенлон и Рајлан Кларк, веднаш забележале дека нешто тргнало наопаку.

„Ова е мала незгода со костимот, нели? Ѝ падна и маската, ова не го видовме на пробите“, коментирала Скенлон во живо.

Нејзиниот колега Рајлан Кларк се пошегувал: „Среќен сум што воопшто има уста! Не знаев дали има или не.“

И покрај инцидентот, публиката беше воодушевена од професионалноста на шведската претставничка. На социјалните мрежи следеа бројни пофалби за нејзината смиреност и способност да продолжи со настапот без паника.

Многумина ја опишаа песната како „вистински евровизиски хит“ и „чист денс бенгер“, а дел од фановите порачаа дека Шведска уште еднаш покажала зошто е една од најсилните евровизиски земји.

На крајот, Шведска беше меѓу десетте земји кои се пласираа во големото финале, заедно со Хрватска, Србија, Молдавија, Грција, Финска, Израел, Белгија, Литванија и Полска.

Подоцна беше откриено дека маската за Фелиција не била само моден детал, туку имала и лично значење. Пејачката претходно јавно говорела за својата борба со социјална анксиозност и објаснила дека настапувањето со маска ѝ помага да се чувствува посигурно и поопуштено на големата сцена.

Share
Scroll to Top