Шкупи е новиот шампион на Македонија

Шкупи е новиот шампион на Македонија

пред 3 години

Тимот на Шкупи е новиот шампион во фудбалското првенство на Македонија. Со победата од 2:0 над Ренова, тимот од Чаир стигна до титулата на четири кола до крајот на првенството.

Сандеј Адетунџи во 81 минута го постигна првиот гол, а Куевен да Силва во последните моменти од натпреварот го даде и вториот гол. Навивачите влегоа на теренот за да ја прослават титулата и пред судијата да свирне крај на натпреварот.

Во останатите натпревари Шкендија ја победи Македонија ЃП во Тетово со 3:1. Љупчо Дориев и Синдрит Гури погодија во првите дваесет минути. Во вториот дел Дориев даде уште еден гол. Годберг Купер погоди за „лавовите“.

Тиквеш го победи Борец со 5:0 во Кавадарци. Андреј Лазаров даде два гола во првото полувреме, а серијата ја продолжија и Иван Ивановски, Благоја Љамчевски од пенал и Александар Мишов.

Струга Трим Лум убедливо го победи Пелистер со 4:0. Омар Џобе постигна два гола во првото полувреме, а потоа погодија и со Бесмир Бојку и Валентин Кочоски. Работнички загуби од Скопје со 1:0  а Академија Пандев ја победи Брегалница со 2:1.

Share
Scroll to Top