Ѓоковиќ победи на УС Опен, а трофејот му го посвети на Коби Брајант

Ѓоковиќ победи на УС Опен, а трофејот му го посвети на Коби Брајант

пред 1 година






Новак Ѓоковиќ со 3:0 во сетови го победи Данил Медведев во финалето на УС Опен, а трофејот му го посвети на легендарниот играч во НБА, Коби Брајант, за кого рече дека му бил голем пријател.

Ова за Ѓоковиќ беше 24. грен-слем титула и тоа е бројот кој го носеше легендарниот Коби Брајант на неговиот дрес. Ѓоковиќ облече маица на која пишуваше Мамба засекогаш, бројот 24 и слика од двајцата.

„Коби ми беше близок пријател. Зборувавме многу за победничкиот менталитет кога јас имав проблеми ѝ се обидував да го најдам мојот камбек. Тој беше еден од луѓето на кои можев најмногу да се потпрам, секогаш беше тука за совет. Тоа што му се случи на него и неговата ќерка ме погоди длабоко. 24 е дресот кој го носеше кога стана легенда на кошарката. Ова е симболична работа и сакам да му оддадам признание за сите работи што ги направи“, рече Ѓоковиќ по мечот.






Share
Scroll to Top