Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја почна 311. недела на врвот на АТП-листата и го сруши рекордот на Роџе Федерер од 310 недели. Ѓоковиќ првпат ја зазема позицијата број 1 на АТП-листата на 4. јули 2011 година, кратко пред освоениот прв трофеј на Вимбелдон.
Неговиот рекорд можеше да биде уште подобар, ако минатата година АТП-листата не беше замрзната на пет месеци поради коронавирусот.
Веднаш зад Ѓоковиќ и Федерер се наоѓа Американецот Пит Сампрас (286 недели), па Иван Лендли (270), Џими Конорс (268), Рафаел Надал (209), Џон Мекинро (170), Бјрн Борг (109), Андре Агаси (101). Ѓоковиќ одлично ја почна годината со освоената деветта рекордна титула на Австралија опен. Тој сега вкупно има 18 грен-слем трофеи.
Вкупно шестпати ја завршуваше годината како најдобар тенисер на АТП-листата. Тој и тука го држи рекордот, заедно со Пит Сампрас.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Животна пресвртница ѕвездите предвидуваат за еден хороскопски знак во 2024 година
Хирурзи повторно му ја прикачија главата за вратот на момче по страшна несреќа
Хороскопски знаци што ги очекува брак и пари во 2023 година
Банана торта која можете да ја направите за 15 минути
Во банка уште не ни веруваат дека сме добиле пола милион долари: Интервју со македонските студенти кои добија инвестиција за нивната маркетинг алатка за Редит
Аурора: последен хит во маникирот
