Ѓурѓица денеска им кажа збогум на хемотерапиите и силно заѕвони на победничкото ѕвонче во Детската клиника од Скопје.
Веста за нејзината победа ја објави САНО, задружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители.
„Денес се радуваме на една храбра принцеза, херојка која им кажа збогум на хемотерапиите. Ѓурѓица силно удри на ѕвончето за чао, за сите да ја слушнат нејзината победа. Браво! Само напред! САНО е горд на Ѓурѓица“, напишаа од САНО во описот на фотографиите објавени со дозвола на родител.
Пред два месеци, таа посака за роденден да добие перика, со што ги освои срцата на многумина.