Ѕвездата на „Игра на тронови“: Имав две крварења од мозокот, се плашев да не ме отпуштат

Ѕвездата на „Игра на тронови“: Имав две крварења од мозокот, се плашев да не ме отпуштат

пред 5 месеци

Емилија Кларк призна дека се плашела да не биде отпуштена од серијата „Игра на тронови“ (во која ја глумеше Денерис Таргариен) откако претрпе две мозочни крварења, пишува „Дејли мејл“. Таа рече дека првото крварење го имала кога завршило снимањето на серијата, а ја изгубила способноста за зборување и за малку ќе паднела во кома. Кога го добила второто крварење, морала да се оперира.

„Кога имаш повреда на мозокот, сите несигурности се четирикратни преку ноќ. Се плашев дека ќе ме отпуштат бидејќи би помислиле дека не сум способна да ја завршам работата”, рекла 37-годишната актерка. „Повеќе се плашев од отпуштање отколку од смрт“, додаде таа. На крајот брзо се вратила на работа, но признава дека и било многу стресно и го почувствувала притисокот пред камерите.

По закрепнувањето, актерката ја започна добротворната организација SameYou, за која таа и нејзината мајка Џени беа наградени со MBE (Member of the Order of the British Empire) за извонредни достигнувања или услуги за заедницата. Нејзината мајка исто така беше подложена на операција за отстранување на аневризма на мозокот.

„Да имаме искуство блиску до смрт и да поминеме низ мракот на сето тоа и потоа да излеземе од него, навистина сме среќни“, заклучила Кларк.

Share
Scroll to Top