Ѕвездата од „Бриџертон“ проговори отворено: „Сè се сведува на тоа како изгледам“

Ѕвездата од „Бриџертон“ проговори отворено: „Сè се сведува на тоа како изгледам“

пред 4 часа

Никола Колан, 39-годишната актерка и ѕвезда од серијата „Бриџертон“, ја краси насловната страница на списанието „Ел“. Во таа прилика, таа се осврна на својата кариера, но и за фактот дека луѓето „ја критикувале“ поради нејзиниот изглед.

Никола Колан отворено зборуваше за проблемите со кои се соочила додека ја снимала популарната серија. Таа истакна дека целиот свој живот имала прекумерна тежина.

„Знаете што е навистина бизарно? Додека ја снимав таа серија, вежбав многу, бидејќи знаев дека морам, па ослабев. И потоа луѓето велеа дека сум плус-сајз, а јас си реков: Колку сме луди што јас сум најголемата жена што сакате да ја видите на екранот“, призна Никола и откри што всушност најмногу ја нервира.

„Се сеќавам на една навистина пијана девојка која ми кажа во тоалетот: ‘Ја обожавав серијата поради твоето тело’. Таа почна да зборува за моето тело, а јас си реков: ‘Сакам да умрам. Многу го мразам ова’. Тешко е кога работиш на нешто со месеци и месеци, не го гледаш своето семејство, навистина се посветуваш, а потоа сè се сведува на тоа како изгледаш – толку е здодевно“, истакнува Никола.

Таа исто така додаде дека нема желба да биде застапник за позитивност на телото.

„Она што понекогаш го кажувам, а што ги нервира луѓето, е дека не ми е гајле за тоа. Кога бев дете, никогаш не размислував за тоа. Не ги гледав актерите и не размислував за нивните тела. Значи, всушност, не ми е гајле. Има многу работи за кои ми е гајле, ова не е едно од нив“, заклучи Никола.

Share
Scroll to Top