Ѕвездата од „Игра на престолот“, Натали Дормер се венчаше со партнерот Дејвид Оукс. Медиумите пренесоа дека двајцата се венчале тајно и дека направиме интимна служба без медиумите.
„Натали и Дејвид венчавката ја држеа во тајност. Не сакаа тоа да биде голема забава, иако секако тоа беше ден за паметење“, рече извор близок до нив за MailOnline и додаде дека само сакале да го споделат денот со одбрана група луѓе и дека било прекрасна церемонија.
За потсетување, Натали и Дејвид почнаа да се забавуваат во 2019 година, откако две години претходно заедно глумеа во претставата „Венера во крзно“. Глумицата претходно беше во брак со режисерот Ентони Бирн, а се разведоа во 2018 година по 11 години брак.