Актерката Аманда Сејфрид (39), најпозната по улогите во филмовите „Mamma Mia“, „Les Misérables“ и „Mean Girls“, даде интервју за „Who What Wear“ во кое отворено проговори за својата рутина за убавина, навиките, но и за козметичките корекции.
„Имам добар дерматолог и таа ми рече дека нема да направи ништо за мене освен ботокс на истото место до крајот на мојот живот“, изјави Аманда.
Сепак, таа дефинитивно не е зависна од козметички корекции, па за улогата во филмот „The Testament of Ann Lee“ призна дека се откажала од ботоксот, што беше малку необично за неа.
„Јас сум актерка и тоа е мојата работа, можам да жртвувам малку. Тоа беше голема задача, бидејќи не ми беше дозволено да ставам ботокс една година“, изјави таа за People.
Аманда Сејфрид е една од ретките јавни личности која нема проблем да го покаже своето лице без шминка, но исто така не крие што си направила самата на себе. Иако нагласи дека не би сакала да инјектира или да менува ништо друго освен ботокс, можеби ќе се предомисли во иднина.





