Јелена Карлеуша јавно ги повика сите оние кои јадат месо и им порача дека биле нарачатели на убиство и дека рацете им се крвави. Таа е вегетаријанка и својот став кој го има за луѓето кои конзумираат месо сега го сподели со сите.
„Оние кои велат дека јас не убиваат животни и дека веќе купуваат убиено мртво, мораат да знаат дека во правосудниот систем луѓето тоа го нарекуваат нарачување на убиство. Ги прогласуваат за виновни и рацете им се крвави. Престанете да барате изговори, за да душите ви се мирни. Бидете племенити“, рече Карлеуша.
Пејачката често знае да ги изнесе своите ставови за убивањето на животни во прехрамбената индустрија или во индустријата за облека, обувки и слично. Таа и самата е заштитно лице на организацијата ПЕТА, меѓународната организација која се бори за правата на животните.
Таа позираше и гола за нив со слоганот „Подобро гола, него во крзно“.
„Спасите животи, затоа што еден ваш ручек не е вреден за ничиј живот. Нека во Новата година една од важните животни одлуки биде да станете вегетаријанци и вегани“, рече Карлеуша.