Овогодишниот српски евровизиски претставник снимил видео со Јутјуберката Леа Станковиќ, што предизвика многу коментари.
„Кога читаме хејт коментари дека сум геј“, стои во описот на видеото, на кое се гледа како двајцата се приближуваат да се бакнат, а потоа на англиски вели: „Јас сум геј“.
@lukeblack.official I ja da se oglasim ❤🦞💤 #pze23 #samomisespava #lukeblack #eurovision #srbija ♬ Samo mi se spava – Luke Black
Лук Блек ја воодушеви публиката и победи на натпреварот за Избор на песна за Евровизија. Тој ќе ја претставува Србија овој мај во Ливерпул со неговата песна „Само ми се спава“.
Лук се занимава со авторска музика од 2005 година, а на 12 години почнал да пишува текстови, додека четири години подоцна почнал да компонира музика и да пишува аранжмани.
Вниманието го привлекува и со својот изглед и на своите песни се труди да им даде поинаков, автентичен изглед.