Јелена Карлеуша го поддржа Вучиќ со ВИ-фотографија

Јелена Карлеуша го поддржа Вучиќ со ВИ-фотографија

пред 6 часа

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, откако сподели фотографија направена со вештачка интелигенција во знак на поддршка за митингот на Српската напредна странка (СНС) во Белград.

Но, објавата многу брзо стана предмет на потсмев. Корисниците на социјалните мрежи забележаа дека фотографијата содржи очигледна грешка – на местото каде што се наоѓа Булеварот „Крал Александар“ и споменикот на Вук Караџиќ, вештачката интелигенција „создала“ река.

Наскоро почнаа да се шират и бројни фотомонтажи инспирирани од објавата. Некои корисници го поставија Собранието на Србија на морски брег, додека други го „преселија“ до Кипот на слободата во Њујорк.

Карлеуша веќе подолг период јавно ја поддржува политиката на српскиот претседател Александар Вучиќ и често објавува содржини поврзани со владејачката партија, но овојпат токму употребата на вештачката интелигенција и очигледните визуелни пропусти ја ставија во фокусот на јавноста.

Share
Scroll to Top