ЈКП „Комуналец“ го заврши темелното миење на спортските терени во Ученичкиот дом „Орде Чопела“

ЈКП „Комуналец“ го заврши темелното миење на спортските терени во Ученичкиот дом „Орде Чопела“

пред 4 часа

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп успешно ја заврши последната оперативна активност во рамки на акцијата за уредување на спортските терени во дворот на Ученичкиот дом „Орде Чопела“.

Екипите на претпријатието денеска извршија темелно миење на терените со специјализирано возило и опрема, со што беше заокружена подготовката на просторот за негово повторно користење од страна на учениците и младите.

Од ЈКП „Комуналец“ информираат дека следната фаза од активностите ќе ја реализираат еко-активистите од здружението „Мој Прилеп“, кои во попладневните часови ќе извршат обележување на спортските терени.

Акцијата претставува резултат на заедничката соработка меѓу комуналното претпријатие и граѓанските активисти, со цел подобрување на условите за спорт и рекреација во Ученичкиот дом.

Со завршувањето на миењето и претстојното обележување, спортските терени ќе добијат обновен и уреден изглед, подготвени за секојдневните активности на младите и спортските ентузијасти во Прилеп.

Share
Scroll to Top