Љубов на снимањето на „Емили во Париз“: глумеа пар, а потоа навистина се заљубиле

Љубов на снимањето на „Емили во Париз“: глумеа пар, а потоа навистина се заљубиле

пред 8 часа

Во серијата „Емили во Париз“, актерите Ешли Парк и Пол Форман глумеа заљубена двојка, но нивната љубов се прошири надвор од екранот.

Форман се приклучи на актерската екипа на популарната серија во нејзината трета сезона како Николас Де Леон, момчето на пејачката во подем Минди Чен.

Пред официјално да ја објават својата врска, Парк и Форман често споделуваа заеднички фотографии од сетот, предизвикувајќи гласини за евентуална врска кои се покажаа како вистинити.

Тие никогаш не ја криеле својата љубовна врска. Заедно се појавија на бројни модни настани, каде што се гушкаа и прошетаа по црвениот тепих држејќи се за раце и насмеано им позираа на фотографите.

Ешли Парк го запозна Форман на снимањето на третата сезона на серијата Емили во Париз, токму во моментот кога по трауматичното раскинување со свој колега, помислила дека никогаш повеќе не сака да биде во врска со актер. „Првото нешто што Пол ми го кажа е дека никогаш не бил во врска со актерка… Мислев дека се шегува“, изјавила Ешли Парк за Cosmopolitan, додавајќи дека жешките момци како него не се нејзин тип.

„Не знам зошто, но некако секогаш прво мислам дека овие слатки не се и не можат да бидат за мене“, беше искрениот актер кој откри дека на почетокот биле само пријатели.

Ешли Парк додала дека нејзината колешка и пријателка Лили Колинс била најсреќна поради нивната врска, која прва ја забележала нивната хемија.

„Таа секогаш ме задеваше дека вежбаме бакнување во соблекувалната бидејќи вообичаено не го правиме тоа. Но, тоа беше нашиот начин”, сподели Ешли.

Актерката откри дека поминала една недела на интензивна нега поради критичен септички шок. Своите слики од болницата ги објави и на Инстаграм. Тогаш Ешли трогателно му се заблагодари на француско-англискиот актер за неговата поддршка.

Share
Scroll to Top