„Љубоморен си на она што го имам“: ја бранеше сопругата и му возврати на хејтер, а потоа беше искритикуван на социјалните мрежи

„Љубоморен си на она што го имам“: ја бранеше сопругата и му возврати на хејтер, а потоа беше искритикуван на социјалните мрежи

пред 8 часа

Џереми Дуфрен, сопругот на пејачката Лана Дел Реј, со која е во брак од септември 2024 година, стана вирален откако остро одговори на негативен коментар во кој корисник на Инстаграм рече дека нивниот брак нема да трае и предвиде развод.

Лана Дел Реј му го честиташе роденденот на својот сопруг со пораката: „Среќна роденденска недела на најслаткиот човек што го познавам“, по што следеа претежно позитивни реакции, но имаше и негативна која гласеше: „Жал ми е, но бракот нема да трае. Им давам најмногу две години. Медениот месец ќе заврши наскоро и едвај чекам, бидејќи влијае на нејзината музика“.

Сопругот на пејачката брзо застана во нејзина одбрана, бидејќи коментарот очигледно го вознемири, па одговори со остра порака: „Звучи како да влијае на твојот живот. Немаш ли жена на која би можел да ѝ го посветиш своето внимание и љубов, наместо да се грижиш за бракот на некој друг? Само си љубоморен на она што јас го имам, а ти го немаш. Пронајди ја љубовта во себе, брате. Така животот е полесен.“

И оваа негова реакција, или поточно пораката, брзо се прошири на интернет, достигнувајќи бројни канали каде што некои ја пофалија оваа акција, а некои, од друга страна, ја критикуваа.

„Честитки за него“, „Секој што ја слушал нејзината музика знае дека го пронашла мажот од своите соништа“, напишаа некои, додека други ја осудија оваа реакција: „Се надевам дека е таков кон примитивците со кои се дружи“. Некои од другите коментари вклучуваа дека ја сметаат „врската чудна“ и дека корисникот на Инстаграм бил „во право“.

Сопругот на Лана Дел Реј е капетан на крузер во Луизијана, а токму на таа тура се запознале во 2019 година и се венчале пет години подоцна.

Share
Scroll to Top