Ќе се снимаат нови продолженија од „Господарот на прстените“

Ќе се снимаат нови продолженија од „Господарот на прстените“

пред 2 години

Продуцентските куќи „Ворнер брос“, „Њу лајн синема“ и „Ембрејсер груп“, шведската компанија за игри која ги поседува правата на повеќето од делата на писателот Џ. Р. Р. Толкин, потпишаа договор според кој ќе се снимаат нови продолженија на „Господарот на прстените“ и „Хобит“. Според договореното, ќе се снимат повеќе филмови по книгите познатиот писател.

Новите филмски раководители на „Ворнер брос“, Мајк де Лука и Пем Абди, најавија дека ќе има повеќе играни филмови.

„И покрај целиот обем и сета љубов спакувани во двете трилогии, огромниот, комплексен и блескав универзум отсонуван од Џ. Р. Р. Толкин останува во голема мера неистражен“, рекоа тие и додадоа дека секој нареден филм нема да го повторува она што го покриваа досегашните филмови на Питер Џексон.

Share
Scroll to Top