Ќерката на Доналд Трамп се сврши на последниот ден од неговиот мандат како претседател на САД

Ќерката на Доналд Трамп се сврши на последниот ден од неговиот мандат како претседател на САД

пред 3 години

Ќерката на Доналд Трамп, Тифани, објави дека се свршила на последниот ден од мандатот на нејзиниот татко како претседател на САД. 27-годишната Тифани ќе се мажи за Мајкл Булос, со кого е во врска околу една ипол година.

„Ми беше чест што прославивме многу важни денови, историски датуми и создадовме спомени со моето семејство тука во Белата куќа, но ниеден не е толку посебен како мојата свршувашка со мојот неверојатен вереник Мајкл. Благословена сум и возбудена пред следното поглавје што го почнуваме заедно“, напиша таа на „Инстаграм“.

Мајкл е е роден и пораснал во Нигерија, а има и либанско потекло. Со Тифани се запознале 2019 година во Лондон, каде што тој живее веќе неколку години. Семејството на Булос поседува конгломерат кој се занимава со малопродажба на автомобили, опрема и градежништво. Според пријатели на Тифани, Трамп наводно го прифатил Мајкл и покрај неговите африканските корени.

Share
Scroll to Top