Ќерката на Михаел Шумахер објави фотографија со својот татко и растажи многумина

Ќерката на Михаел Шумахер објави фотографија со својот татко и растажи многумина

пред 1 ден

Поминаа повеќе од 12 години од тешката несреќа што му се случи на Михаел Шумахер. Имено, во декември 2013 година, шампионот во Формула 1 претрпе тешки повреди на мозокот кога ја удри главата во карпа додека скијаше во Франција.

Неговите лекари мораа да го стават во индуцирана кома и од тој момент, му се губи секоја трага во јавноста. Семејството и блиските пријатели ги кријат информациите за неговото здравје, а само повремено јавноста добива увид во некои мали детали од неговиот живот.

Сега неговата ќерка Џина објави носталгична фотографија на Инстаграм. Станува збор за семејна фотографија од детството на која се гледа нејзиниот брат Мик, мајката Корин, таа и секако, Михаел Шумахер.

Покрај фотографијата таа упати емотивна порака што растажи многумина.

„Најдоброто засекогаш. Среќен роденден, тато“, напиша Џина.

А потоа дојдоа коментарите на корисниците на мрежата:

„Шуми, се надеваме дека ќе те видиме повторно еден ден“, „Тој е сè уште нашиот најголем херој и легенда“, „Најдобриот возач на Ф1 досега во историјата. Ни недостигаш“, се само дел од коментарите…

Share
Scroll to Top