Состојки:
1 кг свежи, домашни и слатки боровинки
150 гр темно чоколадо со 85% какао
1 лимета
Подготвува:
Исплакнете ги боровинките со ладна вода. Ставете ги во длабоко тенџере на средна топлина. Кога тенџерето ќе почне да се загрева, изгмечете ги со вилушка или алатка за пасирање компири. Изрендајте ја кората од лимета и исцедете го сокот.
Во тенџерето постепено додавајте го сокот, во зависност од колку сакате да е благо. Обидете се да не биде премногу кисело. Гответе го џемот со постепено мешање додека боровинките не се распаднат во тавата. После тоа оставете го џемот да се крчка уште 10 минути.
Во зависност од должината на готвењето, џемот ќе биде погуст или поредок. Кога ќе завршите со готвењето на џемот од боровинки, по 12-15 минути додајте во него ситно исечканото темно чоколадо и кора од лимета. Измешајте и распоредете во стерилизирани тегли за зимско складирање.
Почекајте да се излади на собна температура, а потоа чувајте го во фрижидер.