Џенифер Лопез и нејзиниот поранешен свршеник, Алекс Родригез, беа на романтична вечера десет дена откако потврдија дека ја раскинале свршувачката. Според порталот „Џаст џеред“, тие вечерале во ресторанот каде што се сретнале првпат пред четири години, пред да ја почнат врската.
„Тие се однесуваа како да се сè уште заедно, иако не се бакнуваа во јавност, што го правеа вообичаено. Делуваа дека им е убаво еден покрај друг“, изјавил вработен од ресторанот за американските медиуми.
Пејачката и безбол играчот потврдија дека не се заедно еден месец откако медиумите пишуваа дека ја раскинале веридбата. Во заедничката изјава стои дека тие функционираат подобро како пријатели и дека ќе останат во добри односи.
„Еден на друг си посакуваме се најдобро, како и на децата од претходните врски. Од почит кон нив, единствениот коментар што го имаме е благодарност до секој што испрати љубезни зборови на поддршка“, напишаа Лопез и Родригез.
Тие почнаа да се гледаат во 2017 година, а се верија во март 2019 година. Лани Лопез рече дека двапати ја одложувале венчавката поради пандемијата.