Блу Ајви Картер е најстарата ќерка на познатиот пар, Џеј Зи и Бијонсе. Нејзините родители, не се појавуваат често со неа во јавноста.
Таа заедно со нејзиниот татко беше на петтиот натпревар од финалето на НБА лигата помеѓу Голден Стејт Вориорс и Бостон Селтикс. Ова е ретка можност да се види Џеј Зи во друштво на неговата ќерка, Блу Ајви.
Раперот е фотографиран кога ја прегрнува својата ќерка, а многумина на мрежите коментираа дека десетгодишната Ајви е исто како нејзината мајка.
Blue Ivy Carter a maintenant 10 ans. pic.twitter.com/ZZpGtx5knt
— Pulse Côte d’Ivoire (@PulseCoteIvoire) June 14, 2022