Џеј Ло и Бен Афлек ја продаваат својата куќа за 60 милиони долари по гласините за развод

Џеј Ло и Бен Афлек ја продаваат својата куќа за 60 милиони долари по гласините за развод

пред 7 месеци

Џенифер Лопез и Бен Афлек ја продаваат својата раскошна куќа во Беверли Хилс за 60 милиони долари, пишува Page Six.

Се вели дека ангажирале агент за недвижности да ја продаде куќата што ја купиле пред една година, но се уште нема купувач. Куќата има 4273 квадратни метри со пет хектари градина.

Се состои од 12 спални соби и 24 бањи, а вклучува спортска сала со терен за кошарка, теретана, боксерски ринг и бар. Имотот има и гостински пентхаус од 456 метри квадратни, двособна куќа за обезбедување и гаража за 12 автомобили.

Има и дополнителен паркинг простор кој може да собере 80 возила.

Продажбата на вилата следеше по веста за разводот на славниот пар. Медиумите веќе извесно време пишуваа дека разводот е завршена работа, а пејачката ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на својот нов филм.

Двојката неодамна беше видена заедно на кошаркарскиот натпревар на синот на Бен, Семјуел, каде што исто така покренаа сомневања за развод со своето однесување.

Share
Scroll to Top