Џејмс Ван Дер Бик откри дека има рак на дебелото црево

Џејмс Ван Дер Бик откри дека има рак на дебелото црево

пред 2 недели

На Џејмс Ван Дер Бик, поранешна ѕвезда на серијата Досон Крик, му бил дијагностициран рак на дебелото црево, пишува People.

„Имам рак на дебелото црево. Со оваа дијагноза се справив приватно и правам се за да оздравам, со поддршка од моето неверојатно семејство“, изјави 47-годишниот актер за американскиот магазин.

„Се чувствувам добро и имам причина да бидам оптимист“, додаде тој.

И покрај дијагнозата, Ван Дер Бик продолжи да работи.

Неодамна се појави во една епизода на Walker, а наскоро треба да излезе и филмот Sidelined: The QB and Me, во кој тој глуми. Во декември, тој треба да се појави во The Real Full Monty, двочасовна специјална програма во која група познати мажи се соблекуваат за да ја подигнат свеста за тестирање и истражување за рак на простата, тестисите и дебелото црево.

Share
Scroll to Top