Џон Леџенд ја спаси Криси Тајген од незгоден момент на АМА 2026: Потпетицата ѝ го скина фустанот на црвениот тепих

Џон Леџенд ја спаси Криси Тајген од незгоден момент на АМА 2026: Потпетицата ѝ го скина фустанот на црвениот тепих

пред 6 часа

Познатиот музичар Џон Леџенд уште еднаш покажа дека е вистински џентлмен, откако ѝ помогна на својата сопруга Криси Тајген при незгоден момент за време на доделувањето на Американските музички награди (AMA) 2026 во Лас Вегас.

Парот се појави на престижниот настан во елегантно издание, а Криси Тајген привлече внимание во долг портокалов фустан украсен со монистра, комбиниран со златни високи потпетици. Но, додека позирала пред фотографите на синиот тепих, се случил неочекуван инцидент – нејзината потпетица се закачила за долниот дел од фустанот.

Во тој момент Џон Леџенд веднаш реагирал, се наведнал и се обидел да го ослободи заглавениот дел од фустанот, додека и една жена од присутните се приклучила да помогне. Иако ситуацијата била брзо решена, дел од украсните монистра од фустанот се откачиле и паднале на подот.

Сепак, Криси целата ситуација ја прифатила со насмевка и хумор. Таа продолжила да позира со сопругот, покажувајќи дека мали модни незгоди не можат да ѝ го расипат расположението.

Џон Леџенд исто така привлече внимание со својот моден избор – светлокафеав мантил и високи панталони во ист тон.

Парот, кој е во брак од септември 2013 година, е познат по својата опуштена и хумористична врска. Криси истиот ден преку Инстаграм се пошегувала дека додека се во Лас Вегас би сакала со сопругот да го посетат шоуто „Magic Mike Live“.

Криси Тајген во јануари откри и што, според неа, е една од „тајните“ за успешен брак по 12 години заеднички живот, нагласувајќи дека понекогаш е важно да се зачува мистеријата и романтиката во секојдневниот живот.

Двојката има четири деца – Луна, Мајлс и близнаците Ести и Врен. Од друга страна, Џон Леџенд во претходни интервјуа има истакнато дека најпривлечната особина кај неговата сопруга е нејзината смисла за хумор.

„Таа постојано ме смее и мислам дека тоа го менува целиот живот. Дури и кога поминувате низ тешки периоди, ако вашиот партнер има смисла за хумор, животот станува многу подобар“, изјавил Леџенд.

Share
Scroll to Top