Џорџ Клуни требало да глуми во „Страници на љубовта“

Џорџ Клуни требало да глуми во „Страници на љубовта“

пред 6 години

Американскиот глумец, режисер, сценарист и продуцент, 59. годишниот Џорџ Клуни, во интервју за Deadline, откри како тој требало да биде еден од главните ликови во популарниот романтичен филм од 2004 година режиран од Ник Касаветес, „Страници на љубовта“.

Клуни откри дека пред улогата да му биде доделена на глумецот Рајан Гослинг, прво му била понудена на него. Тој дури и се сретнал со еден од актерите кои исто така се разгледувало да биде ангажиран во филмот, починатиот глумец, Пол Њуман.

Клуни требало да го игра главниот лик, Ноа Калоун, но во младите години, додека Њуман бил во опција да го игра истиот лик, но во периодот кога е стар. Клуни открива дека тој и Њуман, во еден момент работеле на филмот, но затоа што не си личеле воопшто ги одбиле улогите.

Младите главни ликови на Ноа и Али, успешно ги одиграа Рајан Гослин и Рејчел Мекадамс. За улогата на Али пак, во игра била и пејачката Џесика Симпсон, која изјавила дека одбила да глуми, затоа што не сакала да ги сними сцените со секс.

 

Share
Scroll to Top