Џулијан Мур на 65 години во беспрекорно елегантно издание: Еден кожен детал го истакна црниот фустан

Џулијан Мур на 65 години во беспрекорно елегантно издание: Еден кожен детал го истакна црниот фустан

пред 1 час

Џулијан Мур привлече внимание на затворањето на 70. Лондонски филмски фестивал на БФИ, избирајќи црна вечерна креација со впечатлив кожен појас. Оскаровката присуствуваше на британската премиера на „The Debut“, новиот филм на Џеси Ајзенберг, одржана на 18 октомври во лондонскиот „Ројал фестивал хол“.

Позната по одмерените модни избори, 65-годишната актерка и овој пат се одлучи за едноставна силуета во која материјалите и кројот го носат целиот впечаток.

Долгиот црн фустан од „Ботега Венета“ имаше горен дел што се собира околу вратот и ги остава рамениците откриени. Меката ткаенина паѓаше слободно по телото, додека широкиот кожен дел околу струкот внесуваше структура и контраст во комбинацијата. Токму овој детаљ, налик на широк свечен појас, го издвои стајлингот од класичните црни вечерни изданија.

Мур ја дополни комбинацијата со дискретни обетки, задржувајќи го вниманието на фустанот. Нејзината препознатлива црвена коса и одмерената шминка го заокружија изгледот.

Во ова издание најмногу се истакнуваше односот меѓу лесната ткаенина и цврстиот кожен појас. Без многубројни украси или нагласен накит, комбинацијата доби јасна форма и современ изглед.

Покрај модното појавување, вечерта беше значајна и за нејзината филмска кариера. Во „The Debut“, Мур толкува срамежлива жена која неочекувано добива улога во локална музичка претстава и постепено се препушта на светот на театарот. Покрај неа, во актерската екипа се Пол Џамати, Хали Бејли и самиот Ајзенберг, кој го потпишува сценариото и режијата.

Share
Scroll to Top