googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });
Првата дама на САД, Меланија Трамп го одржа својот прв самостоен предизборен собир во Пенсилванија, недалеку од Филаделфија и му даде поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп.
За време на нејзиниот говор пред неколкуте стотина приврзаници, таа се осврна и на демократскиот претседателски кандидат, Џо Бајден и медиумите, истовремено фалејќи ја работата која ја направил нејзиниот сопруг.
Првата дама, бранејќи го пристапот на Трамп во борбата против коронавирусот, настојувала да ги минимизира ризиците кои пред американското општество ги постави пандемијата, која досега однесе повеќе од 226.000 американски животи, пренесе „Асошиетед прес“.
Таа се обиде и да ги обвини демократите, кои, според нејзините зборови, ги поставиле своите лични интереси пред добробитноста на американскиот народ и се фокусирале на лажните барања за оптовикување на претседателот, наместо да се насочат кон пандемијата со коронавирусот.
Меланија Трамп ја критикуваше и социјалистичката програма на Бајден и пишувањата на медиумите, обвинувајќи ги дека се занимаваат со бесмислени трачеви и дворски интигри во Белата куќа.
„Бајденовата политика и социјалистичката програма само ќе ја уништат Америка и сето тоа што е направено во изминатите четири години. Мораме да го сочуваме Доналд во Белата куќа за да го заврши она што го започна, а нашата земја да продолжи да цвета. Ние нема да се затвораме и нема да се криеме кога ни е тешко“, изјавила меѓу останатото првата дама на САД.
