googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });
Најмалку тројца се загинати и неколкумина ранети во терористичкиот напад кој се случи денеска во црква во францускиот град Ница. Според наводите на одредени француски медиуми, една од жртвите е жена која била обезглавена.
Медиумот „Фигаро“ пренесува дека телото на жената е пронајдена во катедралата во Нотр Дам. Друга жртва загинала на улицата пред црквата, во обидот да се сокрие во блискиот кафе бар.
Уште еден маж е убиен, а според информациите на службите, станува збор за црвено лице Винеснт Л. Полицијата го уапсила терористот. Станува збор за 23 годишно момче, кое во моментов се наоѓа во болница, пишува L’Parizijen.
Напаѓачот по апсењето бил слушнат како вика „Алах Акбар“. Засега не е познат неговиот идентитет, затоа што кај него не биле најдени никакви лични документи. Во моментов полицијата работи на утврдување на неговиот идентитет, во орснова на отпечатоците земени од ножот.
Според пишувањата на француските медиуми, се слушнале истрели околу девет часот утрината. Граѓаните биле замолени да го избегнуваат просторот околу црквата, додека во тек се одвивала полициската акција. Градоначалникот Кристија Естроси и се заблагодари на полицијата за брзата акција.
„Јас сум на лице место заедно со полицијата. Потврдувам дека сите знаци покажуваат дека станува збор на терористички напад направен во базилката“, изјавил тој.
Во меѓувреме, полицијата прави контролирани експлозии на тоа подрачје и можат да се слшнат детонации. Таа побара од јавноста да се засолнат додека работат нивните тимови за отстранување на бомби.
Францускиот министер за внатрешни работи, Жерал Дарманен, изјавил дека во Ница во тек е полициска операција, пренесе „Ројтерс“.
BREAKING – Knife stabbing attack at Notre-Dame church in Nice. One dead and several injured. pic.twitter.com/EOoQGL2yHG
— Disclose.tv ? (@disclosetv) October 29, 2020